Излезе последната закрпа за World of Warcraft експанзијата Legion

0 коментари 2 мин. читање

Како последна закрпа за проширувањето Legion, 7.3.5 воведува бројни нови функции во World of Warcraft. За целосен преглед, кликнете тука, но дефинитивно би сакале да ги истакнете следниве новитети:

Свет кој се прилагодува на вашето ниво – Секоја зона во Kalimdor, Eastern Kingdoms, Outland, Northrend, Pandaria и Draenor го користи scaling системот кој беше воведен со Legion, а ви дозволува поголема слобода во движење независно од вашето моментно ниво. Сите зандани и награди исто така се прилагодени според вашиот lvl.

Ulduar Timewalking – Патувајте во времето со 10 до 30 други играчи и ставете крај на одамна заборавеното зло преку Wrath of the Lich King рејд. Нивото на вашиот лик автоматски ќе стане 80 за потребите на рејдот.

Silithus: The Wound – Нова квест за играчите кои имаат завршено со Antorus, The Burning Throne. Таквите ветерани ќе бидат викнати во главите градови и упатени кон Silithus за да истражат чудни настани поврзани со сечилото на Sargeras.

Seething Shore – Ново бојно поле (Battleground). Алијансата и ордата се борат за реткиот ресурс, Azerite, на целосно ново бојно поле со два тима, од по 10 играчи. Првиот тим кој ќе собере 10 парчиња Azerite победува.

Надополнувањето донесува и нов токен кој се трансформира во легендарен Legion предмет за вашата специјализација. Се продава од Arcanomancer Vridiel  за 1000 Waking Essences. Оваа валута, пак, се добива преку најразлични активности, а количината која играчите ја добиваат сега е шестократно зголемена.

Сите оние кои ќе користат Authenticator или Blizzard SMS Protect за подобра заштита на нивниот акаунт ќе добијат четири екстра слотови за торби.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед