Излезе Middle-earth: Shadow of War – Blade of Galadriel

во гејминг

Најновата експанзија за Middle-earth: Shadow of War се вика The Blade of Galadriel и од неодамна им стои на располагање на сите оние кои сакаат да ги продолжат авантурите во средната земја, но на малку поразличен начин. Имено, овој пат не играте со Талион, туку со Елтариел, елфска атентаторка која е смртоносна онолку колку што е убава.

Гледајте го емоционалниот трејлер само доколку ја имате завршено основната игра.

Елтариел доаѓа со целосно нови Nemesis ликови, како Флинт, Тиндер и Slayer of the Dead, заедно со осум уникатни легендарни орци кои ќе се приклучат на вашата армија во главната кампања.

Заедно со новата експанзија, играчите добиваат и бесплатна надградба на играта која донесува нови способности на орските капетани, го надградува Photo Mode со нови филтри, рамки и стилови, овозможува да се игра главната кампања како Елтариел, овозможува нови наредби за тренирање за орските следбеници и го проширува менито со нови статистички податоци, како броеви на убиства, доминации, предавства, освојувања и многу повеќе. Како што напоменавме, оваа надградба е бесплатна за сите, независно од тоа дали ја имате купено експанзијата или не. Дополнително, тимот има исправено бројни багови и воведено одредени балансирања.

Најважното во сево ова е фактот дека Middle-earth: Shadow of War е игра која бесрамно воведе микро трансакции во кампањата за еден играч и го има вештачки конструирано завршниот дел за да ве става во искушение да трошите вистински пари доколку не сакате да полудите од здодевните grind сесии.

Middle-earth: Shadow of War™ – The Blade of Galadriel Story Expansion чини 15 евра.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk