{mosimage}Најголемата светска компанија која се занимава со истражување на полето на технологијата, Gartner Inc, објави негативни прогнози за потрошувачката во оваа индустрија за наредната 2009 година на конференција за ИТ менаџери која ја посетуваат инвеститори и аналитичари од Wall Street.
Од компанијата велат дека потрошувачката на информатички технологии може да се покачи само за 2.3% во 2009 година, достигнувајќи ниво од 3.500 милјарди долари, како резултат на рестрикциите во буџетите на компаниите кои се под влијание на глобалната економска криза.
"Економиите во развој, особено на САД и Западна Европа, ќе бидат најлошо погодени, но и другите региони нема да останат имуни на овој тренд" вели Peter Sondergaard кој е одговорен за истражување во Gartner.
Според предвидувањата, хардверот се очекува да биде најтешко погоден, односно вкупната продажба би доживеала пад од 4% во наредната година. Што се однесува до секторот на ИТ услуги, се очекува истото ниво да продолжи, додека кај телекомуникациите се предвидува раст од 3.9%. Се предвидува дека продажбата на софтвер ќе се покачи за 8.6%, што претставува успорување на трендот на раст од 13.5% од 2008 година. Инвеститорите внимателно ги следат прогнозите на Gartner, паралелно додека ги следат движењата на Wall Street.
Од Gartner очекуваат вкупната ИТ потрошувачка во 2009 година да опадне за 0.8% во Западна Европа. Претходните прогнози предвидуваа пораст од 2.8%. Во Северна Америка се очекува пораст од 0.5%, што претставува драстичен пад во однос на претходните прогнози за раст од 5.3%. Исто така се очекува пораст на ИТ потрошувачката од 8.3% во Азија и Пацификот, за разлика од претходните поргнози за раст од 11%.
Листата на клиенти на Gartner ги вклучува голем број на светски корпорации и помали бизниси кои ги советува во донесувањето на важни одлуки во однос на ИТ бизнисот.
Gartner ги претстави своите прогнози на конференцијата за ИТ менаџери, годишно собрание кое го посетуваат голем број на инеститори и аналитичари на Wall Street, со цел да го проценат пулсот за приоритетите во ширењето на бизнисите во наредната година. На оваа конференција се очекува да имаат обраќање Steve Ballmer од Microsoft, Michael Dell од Dell Inc и John Chambers од Cisco Systems Inc. Исто така на оваа конференција ќе присуствуваат други гиганти од оваа област како што се International Business Machines, Hewlett-Packard, Accenture Ltd и Oracle.






