0 коментари 2 мин. читање 11 декември, 2018

ИТ Настан: Започнува гласањето за Twitter награди, за првпат се бира најдобар влогер

Седма година по ред се одржува настанот Твитер Награди. Секако како и досега изборот на најдобрите се одбира со онлајн гласање. Гласањето започна на 7 декември и ќе трае до 17 декември.

Карактеристично при изборот на најдобрите е дека корисниците сами номинираат и сами гласаат со цел сами да одлучат што е најдобро и никој никогаш нема да интервенира во нивниот избор. Односно, десетте корисници кои што се највеќе пати предложени за номинирање во секоја од 24-те категории се номинирани за гласање за избор на најдобрите

Сепак она што е најинтересно е дека оваа година за првпат ќе бидат одбрани и најдобри креатори на видео содржини Покрај YouTube, повторно се враќаат и Instagram, Facebook и секако Twitter. Корисниците самите номинираат и гласаат за најдобрите „твитерџии“. Најдобрите ќе се натпреваруваат во 24 категории.

„Организирањето на овој настан има за цел да прерасне во меродавна манифестација која ќе ја мери успешноста на целокупниот интернет простор, вклучувајќи ги корисниците на социјалните мрежи, веб сервисите и веб и мобилните апликации“, велат од организаторот.

Настанот има и хуманитарен карактер. Имено, не се наплаќаат влезници, но секој од посетителите може да донира средства во хуманитарни цели.

Доделувањето на наградите е на 22 декември во Кино Милениум.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top