На 11 мај во „City Hall“ во Скопје ќе се одржи DevCon. Настанот е наменет за девелопери, но можат да го посетат сите.
Посетителите на DevCon ќе можат да слушнат за најновите технологии и трендови од мобилниот и веб секторот. Ќе се зборува за технологии, јазици и библиотеки. Говорници ќе бидат одбрани етаблирани професионалци од Македонија, но и од други држави. Секако овие конференции се одлична можност и за дружење и запознавање со заедницата.
Што се однесува до говорниците на првиот DevCon ќе говорат: Кристијан Ристовски, подоцна обајавено; Anomaly Detection / Machine Learning, Стојан Ганчев; Introduction to GraphQL, Стефан Јанев; Electron: Desktop apps with JavaScript, Бојан Божиновски; React Hooks. What, how, and why, Димитар Делев; Writing correct programs, Боро Ситниковски; DoS-ing Sedmica, Андреј Трајчевски и ProtoBuf: gRPC and Versioned Technology Agnostic Communication, Радослав Габровски.
Посетата на конференцијата е бесплатна, но капацитетот е ограничен па посетителите треба да се регистрираат. За да нема злоупотреби, организаторот овозможи единствено индивидуални пријави. Ако задоцните со пријавата и нема простор за други учесници, не очајувајте, говорите и настанот ќе бидат снимени и ќе може подоцна да ги изгледате.
Ваква конференција за веб и мобилни технологии за првпат ќе се одржи во Македонија. Организаторите ветуваат дека ова ќе стане редовна годишна средба.