0 коментари 2 мин. читање 21 октомври, 2015

ИТ настан: Студентски хакатон за студентскиот живот

Факултетот за информатика при Универзитет Гоце Делчев од Штип организира студентски хакатон за креирање на компјутерски и мобилни апликации на тема „Студентски живот“. Учесниците на дводневниот маратон се поттикнати да изработуваат разни апликации што треба да им помогнат на студентите, како апликација за наоѓање материјали за учење, планер за журки, менаџирање на финансии, пријавување на проблеми по домовите итн.

Можат да се пријават сите заинтересирани студенти заедно со своите тимови кои ќе учествуваат во овој дводневен маратон по програмирање. Пријавувањето е во тим до пет члена, а апликацијата може да биде изработена за која било платформа (веб, мобилни и сл.). Формуларот за пријавување пратете го на studentski.hackathon (аt) gmail.com имејл најдоцна до 7-ми ноември. Хаканотот ќе започне на 14 ноември (сабота), а ќе заврши на 15 ноември (недела). По завршувањето, секоја екипа ќе има можност да ја презентира изработената апликација, a за најдобрата апликација ќе има награда.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top