ИТ настан: Startup Spotlight е шанса да се претставите пред европската публика

во ИТ.ЕУ, Совети

Startup Spotlight е стартап натпревар, кој е дел од How to Web, една од поголемите конференции за технологија во Централна и Источна Европа. Натпреварот има награден фонд од 20.000 долари, но уште поважно им нуди можност на стартапите да се претстават пред регионална и интернационална публика, составена од „клучни луѓе во европскиот технолошки екосистем“, како инвеститори, стратешки партнери, па дури и потенцијални советници и ментори. Според организаторите, 35 отсто од стартапите кои се претставија на претходните натпревари заклучија важни зделки.

Натпреварот нема строги услови за учество. Стартапите кои ќе аплицираат не треба да се постари од две години, и треба да имаат најмалку еден ко-основач кој треба да биде од Централна или Источна Европа, и дел од тимот треба да доаѓа од овој регион. Мора да се има прототип кој ќе го презентираат и истиот да нема соберено инвестиции над 100.000 евра.

За пријавување нема уште премногу време (затвора на 20 октомври), но десеттина дена се сепак доволно. По ова ќе следи изборот на најдобрите 32 стартапи и нивно објавување на 28 октомври. А од 19 до 21 ноември ќе се одржи натпреварот во Букурешт, со неколку приватни и јавни претставување, по што ќе следи изборот на финалистите и победниците, како и нивното претставување.

Што се однесува до How to Web конференцијата, таа е закажана за 20 и 21 ноември во Букурешт. На неа ќе учествуваат куп експерти, инвеститори и претприемачи од Европа и светот, кои ќе го споделат своето искуство и совети за како да се планираат инвестициите, како да се развие репутацијата на компанијата на Веб, и за идните трендови во ИТ светот. Early-bird билетите чинат од 50 до 130 евра за целата конференција.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments