Се поделија и новите награди за Сајт на годината, но поминаа со чувство на дежаву. Се повторија номинираните сајтови во 20 категории и по некој победник, ист како и претходните години. Македонскиот „сајбер простор“ како што го нарече претседателот на Македонија, кој е покровител на наградите, сепак не е којзнае колку голем простор. Има стотина .мк сајтови, но само десетици се преопознатливи и релативно успешни.
Но, чувството на дежаву доаѓа бидејќи жирито и публиката ги изгласаа сајтовите на кои се навикнати, немаше некое поголемо изненадување ниту некој поиновативен веб проект. Ново на наградите беше прогласување на најдобра Facebook страна. Таквото фаворизирање на сајтови што најмногу ги знаеме (и навиваме за нив) можеби треба да се промени кај корисниците кои гласаа со 40 отсто, и жирито кое ги додели останатите 60 отсто од бодовите. Корисниците мора да прифатат дека Интернетот е иновативно место, а македонските сајтови и веб дизајнери мора да направат еден чекор понапред и да бидат покреативни. Засега ќе им честитаме на Сајтовите на годината за 2014-та година:
- Сајт на годината: Off.net.mk;
- Најпопуларен сајт според гласови oд публика: Fakulteti.mk;
- Најдобар дизајн: Kajgana.mk;
- Најинформативен сајт: Time.mk;
- Најдобар забавен сајт: Panika.be;
- Најдобар спортски сајт: Derbi.mk;
- Најдобра Facebook фан страна: Мајка ти и татко ти;
- Најдобар блог: Okno.mk;
- Најдобар мобилен сајт: Grouper.mk;
- Најдобар корпоративен сајт: T-mobile.mk;
- Најдобар сајт за бизнис информации: Vrabotuvanje.com.mk;
- Најдобар сајт за е-трговија: Grouper.mk;
- Најдобар едукативен сајт: Fakulteti.mk;
- Најдобар сајт на невладина организација: Borka.org.mk;
- Најдобар владин сајт: Агенција за вработување на Македонија;
- Најдобар ИТ сајт: It.com.mk;
- Најдобар финансиски сајт: kb.com.mk;
- Туризам и угостителство: Radika.com.mk;
- Најдобар сајт за автомобилизам: Porsche.com.mk;
- Мода и убавина: Femina.mk;
- Храна и здравје: Доктори.мк.








Da ti se pluknam vo izborot