Во сабота, 12-ти декември, ќе имате шанса да видите голи твитерџии и твитерџики, чии тела ќе бидат овековечени во еротски фотографии на #ТвитерКалендар 2016. „Сакајќи да се продолжи традицијата на овој календар, годинава, седуммина храбри момци и девојки од Twitter заедницата имаа ентузијазам да се разголат пред објективот на фотографот Ѕвонко Плавевски, раскажувајќи ја приказната за своето алтер его“, велат твитерџиите.
#ТретаСмена #Газе за #ТвитерКалендар pic.twitter.com/avWEXVVFd6
— Calèndula (@CalendulaMk) December 8, 2015
Иако фотографии од календарот се табу за македонското традиционално и морално општество (избегнувајте го Twitter неделава ако не сакате да гледате голи тела), сепак #ТвитерКалендар има добротворна цел. Сите фотографии ќе се продаваат, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Првото издание на #ТвитерKалендарот се случи пред три години со мисија да се подигне свеста за навремено откривање на ракот на дојката, додека второто издание имаше цел да испрати позитивна порака за сексуалното здравје и образование.
Промоцијата на #TвитерKаледнарот за 2016-та година ќе се одржи во Јавна соба, со почеток од 20 часот. Настанот е организиран од твитерџии, но сите се поканети.
#ТвитерКалендар тизер 3. Сабота 12/12/2015, 20:00ч @JavnaSoba pic.twitter.com/9MXVdmT0wU
— Џото (@Giotto_mkd) December 9, 2015







