0 коментари 2 мин. читање

ИТ настан: Ако мислиш дека имаш вештини, тогаш пријави се на Google Code Jam

Google започна со регистрациите за Google Code Jam, финалето на натпреварот ќе се одржи на 15 август во некоја од Google локациите, најверојатно Лос Анѓелес. На минатогодишниот натпревар учествуваа над 45.000 натпреварувачи кои ги решаваа загатките кои ги поставуваше Google, а најуспешен беше Иван Миатселски од Белорусија.


Квалификациите па започнуваат од 11 април и ќе се одвиваат на интернет и тоа во неколку термини во зависност од временската зона. Натпреварот е наменет за сите заинтересирани, но со оглед дека за финалето е потребно патување до Лос Анѓелес, последниот дел е „резервиран“ за учесниците кои се постари од 18 години. За да стигнат до финалете покрај квалификациите, учесниците ќе мора да поминат неколку рунди и задачи кои се поделени во неколку фази. Победникот на годинешниот Global Jam автоматски се кваливикува во финалето на Google Code Jam 2015. Што се однесува до патувањето до локацијата каде ќе се одржи финалето, заедно со престојот и храната, и трошоците целосно ќе ги покрие Google. Освен ова иако учесниците се самите одговорни за обезбедување на виза, Google ќе покрие и трошоците за обезбедување на американска виза.

Доколку сте заинтересирани да се пријавите за натпреварот па сакате да се подготвите или единствено сакате да проверите до каде сте со вашите програмерски вештини можете да се обидете да ги решите проблемите од претходните натпревари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top