2 коментари 2 мин. читање 2 септември, 2014

ИТ настан: Ќе има Alt Ctrl Game Jam собир на девелопери во Скопје, Аархус и Мелбурн

Alt Ctrl Game Jam – Скопје ќе се одржи од 13 до 22 септември. Настанот започнува со Game Jam на 13 и 14 септември, а понатаму онлајн ќе трае до 22 септември. Целта на настанот е промоција на креативноста и поинаква интеракција со видео игрите. Покрај настанот во Скопје – пријавете се тука – ќе се одржи Alt Ctrl настан и во Аархус и Мелбурн. Организатори на настанот се Кристијан Трајковски, Мартин Пупков, Дајана Димовска и Џон Полсон.

Настанот започнува со meetup и Game Jam со траење два дена, кој најверојатно ќе се одржат во просториите на ФИНКИ. Тука учесниците ќе започнат со работа и ќе можат да добијат помош од останатите присутни и учесници и во идеален случај би ја завршиле играта. Сите кои нема да успеат да ја завршат играта и контролерот можат да завршат до 22 септември, по што ќе се разгледаат проектите и ќе се доделат наградите. Креаторите на првонаградениот проект ќе добијат Makey Makey Kit, копија на UNIDUINO PRO и едногодишна претплата на Unity.

„Овој Jam пред се е да се биде креативен со контролите во игрите. Најголемиот број девелопери се ограничени со стандардните и вообичаени контроли: тастатура, маус, гејмпад. Целта на овој Game Jam е да се експериментира надвор од овие рамки. Затоа грабнете селотејп, леткум, некои резервни делови, електронски плочки како Arduino, стар контролер кој ви седи дома и креирајте го најдобриот контролер за вашата игра“, велат организаторите од Alt Ctrl Game Jam.

[youtube]HdyJ09oP9tk[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Хикс
Хикс
11 years ago

Програмери, развивачи на софтвер. Девелопери не е македонски збор. Поздрав!

Виктор Дано
11 years ago
Reply to  Хикс

Можеби треба да биде, девелопер може да биде некој кој работи софтвер, но и хардвер (за што е наменет собирот), но програмер може да биде само развивач на софтвер. :)

Мени
Заедница
Изглед
To top