Новите технологии влијаат на светот во кој живееме, но и на процесот во кој работиме. Кога развојот е во прашање, мора да се размислува и на тоа како технологијата влијае кога тестирањето е во прашање.
Колку и како технологијата ќе го промени тестирањето и развојот во иднина е токму темата на говорот на Лиор Кац.
Дали и во иднина тестирањето ќе биде исто како и денес? Како технологијата ќе не промени нас додека се справуваме со новите предизвици. Ова ќе бидат само дел од прашањата на кој г. Кац ќе се обиде да даде одговори. Најверојатно со своето искуство од над 20 години во областа на тестирањето г.Кац е еден од луѓето кои можат да дадат најдобар одговор на овие прашања. Во моментов тој е менаџер во најголемата компанија за тестирање во Изрел, компанија која има над 170 вработени.
Г. Кац ќе зборува за: управување со алатки за менаџмент, CI, CD, BDD, Agile; тестирање на автоматизација, OS tools (Selenium, AutoIt, Sikuli, etc.) UFT, LeanFT, CodedUI; Тестирање на оптоварување, Jmeter, LoadRunner, WebLoad, Saosta, Mobile.
Ако сте тестер или девелопер и ве интересира каде може да не однесе иднината, настанот е организиран од Matrix Global Macedonia и се одржува на 31 мај во Soho House. Почетокот е од 18:00 часот. Настанот е бесплатен, а секако ќе биде и добра можност за запознавање на други луѓе кои работат на ова поле.