НСНД (Ништо нема да се случи или оригинално Nista se nece dogoditi) е настан кој по третпат ќе ги собере хакерите и технолошките ентузијасти од регионот во Струга за викендот на 8 и 9 јуни.
За тие што не се запознаени, НСНД не е класична конференција со однапред одредена програма, туку целата програма се дефинира на лице-место откако сите ќе се претстават и ќе понудат теми на кои би можеле да зборуваат. Главна цел на НСНД настаните е да се запознаат луѓето од регионалните хаклаби и да ги споделат своите искуства, а забавата е загарантирана.
Собирот ќе се одржи во хотелот Галеб кој се наоѓа одма до Охридското Езеро, а сите заинтересирани пожелно е да се пријават на мејлинг листата на Слободен Софвер Македонија.