0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Дискусија за PHP на Beer & Code #14

Тема на следниот Beer & Code #14 e водич за почетници да развиваат REST API во Laravel, кој е објаснет како „PHP фрејмворк за веб мајстори“. Предавањето ќе го води Борис Михаилов.

Beer & Code е веќе традиционален настан кој се одржува секој втор четврток. Организиран е од тимот за хрватско-македонскиот стартап Fridgecheck, и има за цел да ги поврже македонските програмери, дизајнери, претприемачи и сите ИТ ентузијасти на муабет и пиво. Настанот е закажан за четврток, од 20:00 часот во Road House, Скопје. Поканети се сите заинтересирани.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top