0 коментари 1 мин. читање

ИТ Настан: CodeFu 2020 – Кодинг одисеја (“Coding Odyssey”)

Нетсетера ќе ја организира првата онлајн рунда од 14-тото издание од натпреварот во програмирање, CodeFu 2020.

Датумот е 26-ти април, со почеток во 12 часот напладне. Доколку сте заинтересирани, а не сте регистрирани, CodeFu тимот ве повикува да се регистрирате на следниов линк.

Поканети се сите студенти, апсолвенти и постдипломци да учествуваат и да го почувствуваат натпреварувачкиот дух на CodeFu.

Победникот од првата рунда и еден натпреварувач, по случаен избор, кој има позитивен број на поени (повеќе од нула), ќе бидат наградени со вредносни ваучери од 12,000 денари.

Најдобрите 32-ца натпреварувачи од двете квалификациски онлајн рунди, во април и мај, кои ги исполнуваат условите, ќе можат да се натпреваруваат во финалето.

Повеќе за правилата прочитајте на сајтот на CodeFu.

Најдобрите тројца од финалната рунда, ќе добијат можност да отпатуваат на една од европските конференции за софтверско инженерство, во најскоро можно време.

CodeFu тимот им посакува среќа на сите учесници.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top