ИТ Настан: Шести пат [email protected] 2018

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, ИТ.МК

Факултетот за електротехника и информациски технологии по шести пат ќе организира воведен курс за програмирање. Курсот се одржува од 24 септември до 28 септември на ФЕИТ.

Курсот првенствено е наменет за следната генерација студенти на ФЕИТ кои само што се запишале на факултетот и немаат искуство. Секако има простор и може да се приклучат и постојните студенти, но и сите заинтересирани.

Предавањата се фокусирани баш на основите, па програмскиот јазик не би требало да игра никаква улога. Сепак предавањата ќе бидат во JAVA, со фокус на алгоритамот. Целта на курсот е да се покажат најновите пристапи кон програмирањето и да се мотивира младите лица да учат програмирање и да креираат софтверски апликации.

[email protected] е особено успешна приказна, која шеста година по ред ќе ја организира Факултетот за електротехника и информациски технологии. Повеќе од четиристотини слушатели од различни профили, во изминатите години, токму преку овој курс, се запознаа со основите на програмирањето. Наставниот кадар на Институтот за КТИ при ФЕИТ со задоволство ќе продолжи да го пренесува своето долгогодишно искуство и знаење на сите кои се заинтересирани да навлезат во тајните на програмирањето. Се надеваме на уште многу успешни настани“, вели вонредниот професор Марија Календар.

Курсот се одржува традицонално секоја година со почетокот на студиската програма. Повеќе детали на странцата на ФЕИТ.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk