„Идејата директно произлегува од влог сервисот на YouTube наречен “CitizenTube” и стратегијата за комуникација со јавноста на претседателот на САД, Барак Обама.“ пишува СДСМ.
Клучниот збор е директна комуникација. До сега комуникација меѓу граѓаните и политичарите се сведуваше на слушање пропаганда или собирање на митинзи. Сега со интернетот се отвараат вратите на директна комуникација со политичарите.
Граѓаните ќе можат да пратат прашање не само преку имејл, туку и преку Facebook и Twitter. Двете друштвени мрежи се користат од двете големи партии, и СДСМ и ВМРО, како и од индивидуалните политичари, за ширење на политичката пропаганда. Но тоа што е интересно со овој видео чат е што сега ги искористуваат мрежите за конкретен проект, односно ги користат за собирање прашања.
Тоа што е важно за користењето на друштвените мрежи е што нудат транспарентност. Пример може да се погледнат прашањата, кој ги праќа па дури и може, доколку се следи примерот на американскиот претседател Обама, може да се воведе гласање на кое прашање да одговорат политичарите.
Сигурно и другите партии ќе го следат примерот на СДСМ да користат веб сервиси и со тоа да се постигне најважното – граѓаните да ги запознаат луѓето зад политиката.
Прашање за вас читателите – Дали би присуствувале на политички веб настан и кои се вашите очекувањата за веб настанот?
It’s great that we can receive the mortgage loans moreover, that opens up completely new opportunities.