2 коментари 1 мин. читање

ИТ.мк: Корисниците гневни на МАРНет

Од регистарот рекоа дека МАРНет, кој сега е воден од Универзитетот „Кирил и Методиј“, наскоро ќе биде превземен од Министерството за информатичко општество (МИО). Се чека на официјалната процедура и закон најавени за „првиот квартал од оваа година“.

МИО ќе има куп работа. Можеби најголемиот проблем е лошиот административен процес за регистрација. Нема онлајн регистрирање. За да регистрирате домен мора да пополните барање и да го однесете во МАРНет.

Но и таквото tête-à-tête регистрирање со куп документи кои ја „задоволуваат определени услови кои се во согласност со меѓународно утврдените стандарди“ не спречи инциденти како скватинг регистрирање на google.com.mk. Втора важна работа се можноста за регистрирање на неодамна одобрените интернационални домени, т.е кирилични домени.

Интересен пример за како се води домен е Црна Гора која е рекордер со својот .me домен кој се продава ширум светот.

Еве дел од реакциите на македонските интернет корисници, повеќе ќе најдете на пребарувачот на Twitter.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top