(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)
ПРОФИЛ
1. Датум кога официјално започнавте со работа:
Brainster беше основан во март 2015, а со курсеви и академии започнавме во октомври 2015.
2. Од кого е основана компанијата?
Основач на компанијата е Петар Ниновски.
3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Првите неколку курсеви кои ги понудивме на денот на лансирање на Brainster беа:
Курс за Дигитален Маркетинг, Курс за SEO, Курс за Google Analytics и курс за PHP Laravel. Уште од самиот почеток интересот беше над очекувањата и курсевите веднаш се распродадоа. Среќни сме што тоа продолжува и после 3 години, тоа е знак дека нашата понуда е добра, дека искуството на луѓето со нашите курсеви е позитивно, но и дека младите луѓе во Македонија се повеќе се вртат кон дополнителното надградување на своите вештини како одличен начин за унапредување на својата кариера.
4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
Во првата година од основањето Brainster беше екипа од 2-ца луѓе. Сепак, уште од самиот почеток многу луѓе почнаа да гравитираат околу Brainster, на еден или друг начин. Имавме несебична помош од еден куп познаници и пријатели, од нашите инструктори и мошне брзо дојдовме во можност да изградиме тим по наша желба.
5. Колку вработени сте сега?
Сега сме 12 директно вработени во Brainster и над 40 инструктори под договор. Во моментов во тек е и повик за пријавување на нови инструктори. Тука би сакал да истакнам дека дури 10 од 12 вработени ни доаѓаат од нашите Академии. Тоа е најголем доказ дека веруваме во квалитетот на нашите програми. Дополнителна придобивка нас е фактот што овие луѓе добро ја познаваат културата и начинот на работа на Brainster, и мошне брзо се прилагодуваат. Придобивка за нив, пак, е фактот што веднаш добиваат договор за работа и полна плата, бидејќи нема потреба да се докажуваат преку практиканство.
6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Најпопуларни во Brainster се Академиите:
Академијата за Маркетинг која трае 20 недели и на која учесниците постојано работат на реални кампањи.
Академиите за Front End и Back End програмирање со траење од 28, односно 35 недели, на кои се изработуваат 3 реални проекти, се организираат хакатони и сл.
Академијата за Дизајн на која ги собравме најдобрите и најискусни дизајнери во Македонија (Бане Кома, Зоран Кардула, Дани Јанев, Диди Димитриевска…)
Почнавме со по две групи во текот на годината (1 на пролет, една на есен), а во моментов имаме дури по 8 академии годишно за програмирање и маркетинг и 4 академии за дизајн. Тоа значи дека оваа година околу 400 луѓе преку Brainster ќе стекнат квалификација и вештини кои ќе им помогнат да дојдат до нова кариера.
7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Вложуваме многу напор нашите програми секогаш да се актуелни и да ги научат студентите на најважните и најактуелните вештини на пазарот во моментот, кои ќе им помогнат најбрзо да дојдат до навистина добра кариера.
Истовремено, во рамки на програмите секогаш работиме на практични проекти, реални кампањи во реална околина. Нашите студенти по завршувањето на секоја од Академиите имаат можност да стават во своето портфолио реални проекти и на тој начин да покажат искуство иако не биле претходно вработени во областа.
Доказ дека сме на вистинскиот пат е фактот дека над 85% од студентите на Академиите кои немаа вработување или сакаа да го променат тековното добија понуди за работа од еден од нашите 70 компании-партнери за вработување.
Сепак, на крајот на денот, мислам дека она по што најмногу сме препознатливи е генералното искуство, атмосферата, културата на споделување, енергијата, ентузијазмот кои владеат во секоја наша училница. Просечната оценка на нашите академии и курсеви на завршните формулари за евалуација е 4.85 од можни 5. Нашата аналитика покажува дека над 35% од запишаните нови студенти доаѓаат по препорака на пријатели и познаници кои веќе поминале низ програмите на Brainster.
8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Најмногу партнери имаме меѓу софтверските компании и маркетинг агенциите, бидејќи со нив природно не поврзуваат областите во кои нудиме обуки (програмирање, маркетинг, дизајн). Со нив соработуваме во делот на вработување наши студенти, нивно учество на обуките како редовни или повремени предавачи, заедничка работа на реални проекти. Во делот на обуките, се` повеќе компании од сите области испраќаат свои вработени на дообука, и тоа најчесто на Академијата за маркетинг, бидејќи тоа е им е често појдовната точка за почеток на дигиталната трансформација.
9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Наша желба е да промениме нешто на подобро и пред да стигнеме до неограничени ресурси :) Дефинитивно би спонзорирале indie developers и indie creators. Има неколку такви кај нас кои со своите производи имаат направено позитивни промени во општеството. Би се обиделе да промовираме повеќе project oriented работа, зашто сметаме дека има огромен потенцијал во Македонија од аспект на know-how кој кога од freelance работа на повеќе проекти во исто време би се посветил на креирање на продукти би направил огромен импакт и за заедницата и за општеството.
10. Што ќе работи Brainster во 2024 година?
Исто што и во 2019, ќе ги креира најдобрите можности за сите оние кои сакаат да ја земат сопствената кариера во свои раце и кои не се задоволуваат со „добра работа и плата на време“.
11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.
Има минимум по една торта во канцеларија цело време.
Имаме 2 кучиња во нашите канцеларии. Потрошивме околу 250 килограми храна за улични кучиња во 2018. Успешно вдомивме 5 кучиња и едно маче.
Официјален сајт:
brainster.co
Brainster на друштвени канали:
Посетете го профилот на Brainster на ИТ Индекс.
Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.