Истражување на Универзитетот Оксфорд покажува дека 88 отсто од апликациите имаат код кој испраќа податоци од корисниците на Alphabet (Google). Анализата е направена на 959 426 Android апликации од американската и британската Google Play продавница.
Google секако не е осамен во прибирањето податоци. Facebook собира податоци од корисниците од 43% од апликациите, Twitter од 34% од апликациите; Verizon од 26% од апликациите; Microsoft од 23% и Amazon од 18%.
„Откривме дека многу од апликациите содржат следење од трети страни, а дистрибуцијата на следењето е поврзано со неколку доминантни тракери на кои отпаѓа поголем дел од следењето. Степенот на следење се разликува за различни типови апликации. Апликациите а вести и апликациите за деца се меѓу најлошите ви однос на трети страни поврзани со нив. Следењето на трети лица е транснационален феномен со многу тракери кои работат надвор од Европа“, вели истражувањето.
Дел од собраните податоци се: возраст, пол, локација, мобилни предаватели во близина или Wi-Fi рутер и информации за останати апликации на уредите на корисникот. Реакцијата на Google е дека истражувачите користат погрешна методологија , а дел од „следењата“ се функционални сервиси.