0 коментари 2 мин. читање 17 мај, 2023

Испробајте како ви стојат најразлични очила виртуелнo со YouCam Makeup

Сакале или несакале, лесно доаѓа моментот кога е потребно да носите очила. Секако, постојат опции и доколку не сакате да носите очила, на располагање имате ласерка операција, носење леќи или удирање во столбови на секои десет метри. Поголемиот број од луѓето кои се изјаснуваат дека не можат да се замислат како носат очила е затоа што или никогаш не пробале очила или пак пробале неколку модели кои и не ги баш прикажале во најдобро светло.

Поради тоа, доколку се оперирани од какви било предрасуди и потребно е да носите очила, следнава апликација и тоа како ја препорачуваме на понежниот пол! Со YouCam, можете да ги искористите предностите на проширената реалност и да „испробувате“ најразлични модели. Едноставно ја позиционирате камерата за да го прикажува вашиот лик и одбирате најразличнични модели за пробување, се додека не го најдете вашиот стил.

YouCam Makeup е апликација која е достапна и за iOS и за Android напојуваните телефони и за многумина се смета за една од најдобрите апликации за пробување очила, а и за многу повеќе од тоа! Откако ќе ги најдете очилата на вашите сништа, преку самата апликација можете да ги сочувате фотографиите и лесно да правите споредба или пак да го покажете избраното за да ви се понудат слични модели во продавница. Најмногу ни се допаѓа апликацијата и поради тоа што можете и во реално време да си пробувате очила, да ја вртите главата лево – десно и да видите дали сте го донеле вистинскиот избор од секој можен агол.

https://youtu.be/pW-AClt9u5o

Како што напоменавме, YouCam Makeup не е одлична апликација само за очила туку ќе им се допадне на дамите и за поставување шминка, додатоци за лице, коса и едн куп други работи! Дефинитивно проверете ја!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top