2 коментари 1 мин. читање

iPhone 5 ќе биде претставен на 4-ти октомври

Следниот голем настан на Apple на кој ќе се поканат бројни медиуми е закажан за 4-ти октомври. Настанот ќе го води новиот извршен директор Тим Кук, кој од пред месец дена го замени легендарниот Стив Џобс, открива AllThingsD.

Скоро е сигурно дека на тој настан ќе биде претставена петата генерација на iPhone телефони. А според изворите на AllThingsD, самиот телефон ќе биде во продавниците за само недела-две по претставувањето.

Покрај iPhone 5 кој ќе биде ѕвезда на шоуто, се очекува уредот да биде со уште поширок екран, зафаќајќи го скоро целиот уред и ќе има 8 мегапиксели камера, настанот на 4-ти октомври ќе биде и првиот настап на Тим Кук како директор на Apple. Тешко ќе биде да се замени харизматичниот Стив Џобс кој ја воодушевуваше публиката при секое претставување на нов уред или сервис, но Тим Кук ќе мора да импресионира.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top