Интернет на нештата и куќа која твита

во Веб

{mosimage} Интернет на нештата е идеја која ги поврзува секојдневните предмети и интернетот за да можат тие предмети да комуницираат со нас информирајќи не за нивниот статус. Такви предмети кои зборуваат сме виделе во научно-фантастичните филмови, па и некој цртан, но во технолошки развиено опшетство во кое живееме денес тие идеи не се само плод на фантазијата, тие се реалност.

Енди Станфорд-Кларк, е пронаоѓач и инжинер на IBM кој работи на бројни Twitter и мониторинг во реално време проекти, со цел да го истражи „интернетот на нештата“. Неговиот домашен проект е куќа која зборува, не буквално, се разбира. Куќата, која се наоѓа на во Уајт островот, Англија, е преполна со сензори кои преку сервиси за инстант пораки, како Тwitter, го информираат
г-дин. Стендфорд-Кларк за сите случувања во неа. Пример: кога стапицата ќе фати глушец, колку вода и струја троши, кој прозорец е отворен, дури и кога има траект до и од островот… сите тие информации му стигаат на мобилниот телефон преку кој може и да го промени статусот на предметите т.е. да го изгаси светлото.

Пораките од неговата куќа можат да се следат на Twitter @andy_house, но ви треба претходна дозвола бидејќи профилот е приватен. Во секој случај погледнете го прилогот на Рори Селан-Џонес од BBC.

„Но овој дом на Уајт островот не е единствениот објект кој деновиве комуницира со интернетот“ пишува г-дин. Селан-Џонес на својот блог, додавајќи неколку примери со објекти кои комуницираат со интернетот, како на пример траектот до Уајт островот преку свој Twitter профил ги информира патниците за поаѓањата, лондонскиот Тауер мост информира кога ќе се подигне, Ловел телескопот покажува каде е насочен, LCOSS сателитот на NASA го твита својот статус во вселената, дури има пример и за
растение кое твита кога ќе треба да се полее…

„Ова е почетокот на „интернет на нештата“. Тоа е свет во кој малите уреди, илјадници, милиони, трилиони дури, ќе бидат поврзани на интернет. Секој од нив ќе ни кажува за нивните мали парчиња податоци и ние собирајќи го тоа море од податоци ќе научиме повеќе за светот околу нас“ вели г-дин. Станфорд-Кларк објаснувајќи го својот куќен проект.

{mosimage}

Што се однесува до неговите професионални проекти, тој во IBM работи на сервиси кои со помош на безжичната технологија RFID ќе им овозможат на бизнисите полесна комуникација со потрошувачите. Но не чoвек на човек, туку производите ќе ги информираат потрошувачите, како што е проектот на IBM со Мatiq, ИТ одделот на Nortura, норвешкиот прехранбен набавувач. Со овој проект е планирано да се изгради инфраструктура т.е мрежа преку која ќе се прати движењето на продуктите „од фарма, преку производството, до рафтовите на супермаркетот“ па потрошувачите ќе знаат колку е свежа храната. Повеќе за IBM проектите поврзани со „интернет на нештата“ на A Smarter Planet.

Инаку и Европската Унија реагираше на „интернетот на нештата“. ЕУ усвои акционен план со кој се планираат идните стандарди на оваа технологија.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments