Интернет на нештата е совршенo комплексен за NSA

Мојата работа е пробивање на компјутерските мрежи на другите луѓе, и комплексноста ми е пријател“, вели Ричард Леџет, заменик директор на американската Национална агенција за безбедност, за која знаеме дека го прислушува интернетот и ги следи комуникациите на корисниците преку софистицирани алатки, благодарение на документите објавени од Едвард Сноуден.

За г. Леџет, Интернет на нештата е одличен за прислушување и ужасен за безбедност. Уредите кои се дел од Интернет на нештата доаѓаат со лозинки кои корисниците за жал многу ретко ги менуваат по купувањето и инсталацијата. Најголемиот дел од уредите функционираат со истите лозинки со кои излегле од фабриките. Токму ова, заедно со застарен софтвер, се главната причина што сѐ почесто се користат телевизори, паметни фрижидери, клима уреди и слично како уреди од кои потекнуваат DDoS напади.

Можеби сте гледале Homeland или друга ТВ серија во која се извршуваат атентати со помош на безбедносен пропуст во пејсмејкерот или други уреди, и иако сериите користат свои измислени методи да раскажат приказна, сепак не се далеку од модерната вистина. Intercept пренесува дека NSA сега ги разгледува можностите за хакерски напади на пејсмејкери и другите медицински уреди. „Го разгледуваме ова од теоретски и истражувачки интерес“, вели г. Леџет.

Што се однесува до технологијата која е од интерес на NSA, се чини дека постои листа на уреди кои сакаат да ги користат за шпионирање, иако велат дека не работат на сите можни модели. „Не работиме на секој модел на телефон. Ако немаме осомничен кој го користи тогаш не работиме на моделите“, вели безбедносниот експерт.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments