Можно е да се креира Интернет за дронови

Ситуацијата со дронови во моментов е слична на онаа со која започнуваше и авијацијата. На почетокот на минатиот век, ентузијастите можеа да летаат без дозволи за летање или пилотски дозволи, а најголем број на првите пилоти беа ентузијасти. Во 1930 година за првпат се појави контролата на летање, што нѐ доведува до денес, сега сме во слична ситуација со дроновите, вели Motherboard.

Она што треба да се направи за да се регулира летањето со дронови е да се создаде мрежа на која ќе бидат поврзани леталата, своевиден интернет за дронови. Мрежата е замислена налик на онаа која се планира за автономните возила, а ќе овозможи леталата да детектираат каде се наоѓаат останатите летала, без разлика дали се дел од „флотата“ со која летаат ентузијасти, дронови за транспорт и слично.

Единствена пречка во развојот на оваа мрежа е медиумот кој ќе се користи за комуникација. Безжичниот интернет не е достапен насекаде, телефонските мрежи се проблематични при подолги дестинации, а ad hoc мрежите не овозможуваат леталата да бидат поврзани во голема мрежа. Решението е креирање на „двослојна“ мрежа. Кога има пристап до интернет леталата ќе бидат поврзани директно, а кога леталото нема да има пристап до интернет ќе ја користи ad hoc мрежата. Доколку е во можност леталото пристап до интернет во овој случај ќе има преку оваа мрежа и дроновите со кои комуницира. Предлогот доаѓа од IEEE, а негов автор е Роберт Хол. Веќе е креиран прототип и првите резултати се ветувачки. „Воздухопловни тестови на отворено со вистински дронови се во план и ќе бидат направени во согласност со правилата на Федералната комисија за авијација“, вели г. Хол.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments