{mosimage} Петнаесет германски блогери и новинари објавија „Интернет манифест“ со 17 декларации за иднината на онлајн новинарството и споделувањето информации. Манифестот го означува интернетот како „различен“ бидејќи продуцира различни јавни области, користи различни термини и се потребни различни културни вештини. Во таква околина медиумите мора да се адаптираат во технолошката реалност наместо да ја игнорираат или предизвикуваат, пишува во Манефестот.
Дел од 17 декларации на иднината на онлајн новинарството се: интернетот е победа на информацијата, Интернетот не го променува туку го подобрува новинарството, линкањето е награда, цитатите се украси, традиција не е бизнис модел, почитување на авторските права се цивилна одговорност на интернетот… сите ги објаснуваат принципите за споделување на информациите на интернет кој е дефинитивно различен медиум од печатениот.
Не само новинарството, туку споделувањето на информациите мора да се револуционира во самите основи за да функционира како што треба. Интернетот е „победа на информацијата“, тој овозможува брзо и лесно споделување на информации. Не само новинарите туку секој има пристап и може да ги искористи тие информации и да профитира од нив. „Традицијата не е бизнис модел“ туку треба да се размисли за други модели за профитирање од содржина, наместо да се обидуваме да го трансформираме интернетот во нешто што сме навикнале.
Моќта на интернетот се демонстрираше веднаш. Кратко откако Манифестот се објави онлајн, информацијата за него се рашири низ светот, по што серверите на сајтот се срушија од огромната посетеност.
Интернет манифестот е достапен во неколку јазика, меѓу кои и српско-хрватскиот кој може да послужи на тие кои не разбираат некој друг јазик, а можете да го искористите и македонскиот преводот од Google Translate.
{mosimagе}






