Internet Explorer научи нешто од Chrome, ќе се надоградува автоматски

во Веб

Користи некој уште Internet Explorer? Да? Тогаш имаме интересна вест за вас.

Според примерoт на Google Chrome, и Мicrosoft реши да започне со автопатски надоградби на нивниот прелистувач. Од јануари Windows корисниците на Internet Explorer автоматски ќе ги добиваат најновите верзии на прелистувачoт, наместо да чекаат самите да ја симнат новата верзија.

Со автоматските нагоградби на софтверот корисниците без замарање ќе ја добиваат најновата верзија на прелистувачот со сите средени пропусти и со новитети.

„За корисниците, безбедностните бенефити се едни од клучите причини зошто индустријата се одлучува автоматските надградувања да станат норма. Сакаме да го направиме надградувањето да биде најдбората заштита за Windows корисниците кои ќе ја добиваат најбрзо и наједоноставно.“, вели Microsoft.

Ова е добра новина, но не е којзнае какво подобрување на Internet Explorer. Прелистувачот сè уште е лош за користење, а неговата доминација на пазарот кој го освои благодарение само на тоа што доаѓаше заедно со Windows-от, се чини дека нема да трае многу. Глобално Internet Explorer падна под 50 отсто, а EУ побара секој нов Windows да понуди опција за избирање на прелистувач, наместо автоматско инсталирање на IE, што значи дека уделот во пазарот во иднина ќе биде уште помал.

Што се однесува во Македонија, Internet Explorer е историја. Според Google Analytics на It.com.mk, IE користат само 4.55 отсто од корисниците. Firefox користат 35 отсто, а Chrome 53 отсто. Интересно, но се чини дека многумина сè уште имаат доверба само во IE.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
асд
асд
14 years ago

Уште Chrome е понапред, има вграден Flash Player

бсд
бсд
14 years ago
Reply to  асд

Ивграден PDF прегледник.