Интересот за виртуелната реалност кај купувачите се намалува

0 коментари 1 мин. читање

Сѐ помалку корисници се интересираат за виртуелната реалност. Ова барем го покажува продажбата на очила за виртуелна реалност на Amazon. Анализата е направена врз база на вкупната продажба на уредите од Sony, Samsung, Facebook/Oculus и HTC, вели Thinkum.

Она што може да се забележи е пораст на продажбата на очилата со излегувањето на Skyrim VR. Ова може да биде и потврда дека навистина постои недостаток на содржина за виртуелната реалност, што секако е точно. За жал игрите, а и целата останата содржина кога виртуелната реалност е во прашање е и премалку и недоволно добра.

Очекувано, своите максимуми очилата ги имаат блиску до датите на излегување. Најнов од овие уреди е Oculus Go, кој иако беше во најпродаваните 10 по продажба, сега е во најпродаваните 100.

Недостигот од содржина секако е најголемиот проблем на виртуелната реалност. Но, тука конечно е и конкуренцијата. Проширената реалност е „кул детето“ на игралиштeтo со кое сите сакаат да се дружат. Google, Apple и Microsoft сериозно инвестираат во оваа технологија, па интересот не треба да изненади никого.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top