0 коментари 3 мин. читање 5 март, 2012

Интересни факти за најпопуларните апликации на сите времиња на App Store

По повод надминувањето на 25 милијардитото симнување од App Store, Аpple ги објави и најпопуларните апликации на сите времиња. На листата доминираат верзиите на Angry Birds и WhatsApp Messenger која се најпопуларна платена апликација на сите времиња, додека Facebook, Skype и Viber се најпопуларни бесплатни апликации за iPhone и iPad. (iTunes линк).

Тоа што е интерсно е што од листатa може да се извлечат неколку интересни факти, пример дека игрите преовладуваат, дури 17 топ платени апликации се игри, иако тоа не е баш нешто ново бидејќи iOS уредите се перфектни за игри. Но, исто така се гледа дека нема ниту една апликација од Apple која е популарна меѓу платените апликации за iPhone.

Се забележува и дека постои огромна разлика во цената на апликации за iPhone и iPad. Пример, 20-те најпопуларни апликации за iPhone чинат 0,99 долари, додека 10 најпопуларни апликации за iPad чинат од 4,99 долари, односно 9,99 долари.

Еве ги другите интересни факти, споделени од @Nenatd:

  • 17 апликации од листата на топ платени за iPhone се игри;
  • Facebook е најсимнуваната апликација;
  • има само 2 aпликации од Google во топ бесплатните апликации, ниту една oд Apple;
  • 10 апликации од најпопуларните бесплатни апликации за iPhone се игри;
  • 13 апликации од најпопуларните платени апликации за iPad се игри;
  • има 4 апликации на Apple кои се меѓу топ платените за iPad;
  • 6 апликации од топ платени апликации за iPad се од категоријата „Продуктивност“;
  • 6 апликации од топ бесплатните апликации за iPad се игри;
  • нема Apple апликации меѓу топ бесплатните апликации за iPad;
  • 20 апликации меѓу најпопуларните платени апликации за iPhone се со цена 0,99 долари;
  • 5 апликации меѓу најпопуларните платени апликации за iPad чинат 9,99 долари;
  • 5 апликации меѓу најпопуларните платени апликации за iPad чинат 4,99 долари.
Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}