Притисокот од AMD го принуди Intel да ја поднови линијата со нови Skylake X и Kaby Lake X процесори. Производителот на Computex претстави нови Core i5 и i7 процесори, но конечно и официјално е претставена новата i9 серија. X-серијата е наменета за гејмери и за креатори на содржини.
Според најавата i9-7980XE доаѓа со 18 јадра и 36 „threads“. Процесорот ќе биде достапен наскоро, но потребен е LGA 2066 сокет. Цената на првиот 18-јадрен декстоп процесор е 2.000 долари. Новата серија е одговор на Ryzen процесорите за ентузијасти „threadripper“.
Core X верзиите на i5 и i7 процесорите се 10 отсто побрзи на мултитред (multithread) и 15 отсто побрзи на еден тред (thread). Core i5-7640X чини 242 долари, а доаѓа со 4-јадра и 4-треда; Core i7 X-Series започнува од 339 долари за 4-јадрениот / 8-thread моделот, до 599 долари за 10-јадрениот / 20-thread процесор. Дел од овие чипови се со Skylake, а дел со актуелната Kaby Lake архитектура.
Новата X-серија доаѓа со нова Turbo Boost Max 3.0 технологија. Технологијата овозможува подобри перформанси при мултитред.
Освен презентацијата на новите процесори, Intel го искористи Computex да сподели повеќе податоци за следната генерација Coffee Lake процесори. Засега е рано за шпекулации, но следната генерација ќе има 30 отсто подобри перформанси од процесорите кои ги претстави Intel, на Computex.







