Intel го купија стартапот Moovit

Во обид да навлезат подлабоко во светот на автономно возење, пред неколку дена Intel го купија стартапот Moovit. Компанијата е базирана во Израел, а вредноста изнесува 900 милиони долари.

Moovit е позната по нивната апликација за јавен превоз, која е прилично популарна низ целиот свет. Истата има стотици милиони корисници, и користи јавно достапни податоци за транспорт за да ви даде комбинација на планирање на рути, и опции за користење компании како Uber и Lyft. Она што е карактеристично за апликацијата е што за некои работи користи и податоци кои ги даваат корисниците, што значи дека може да ви овозможи и планирање на рути на места кај што нема јавно достапни податоци.

Купувањето од страна на Intel и не е толкаво изненадување. Во 2017 година, гигантот го купи Mobileye, стартап кој работи со автономни возила кои функционираат со камери. Компанијата во моментов тестира автономно такси во Израел, а има и планови да имплементира сличен сервис во Јужна Кореа.

Покрај ова, Intel инвестираа 50 милиони долари во Moovit во 2018 година, во обид да се прошират во светот на авономни возила. Нивниот план е да имаат комплетно автономни такси возила низ светот, а за ова рачунаат и на ADAS (advanced driver assist system) технологијата која ја има Mobileye. Според извршниот директор на Intel, Bob Swan, оваа технологија веќе помага за безбедноста на милиони возила низ светот, а со Moovit се надеваат дека ќе го убрзаат обидот да направат револуција во превозната индустрија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments