Instagram објави дека има 500 милиони кoрисници месечно, а секој ден го користат 300 милиони посетители. Дневниот број на посетители сега е еднаков со месечниот број од 2014 година. Најголемиот број на корисници на платформата доаѓаат од Јапoнија, Германија, Франција и Индонезија, и интересно е што дури 80 отсто од корисниците се надвор од САД. Токму пазарот надвор од САД е клучен за зголемувањето на бројот на корисници.
„Без разлика дали сте илустратори, зависник од патики или астронаут на Меѓународната вселенска станица, секоја фотографија која ја споделуваат корисниците помага да се зближите со пријателите и нивните интереси, ја проширува перспективата и инспирира. Го направивте Instagram место во кое секојдневното и епското постојано се на дофат“, вели Instagram во својот блог.

Бројот на посетители кој секојдневно го посетуваат сервисот е подобар показател за зависноста која посетителите ја чувствуваат за Instagram. Дури 300 милиони корисници секојдневно споделуваат 95 милиони фотографии. Интересно е што оваа бројка не е она што може да се очекува, претходно кога сервисот го посетуваа 300 милиони корисници месечно, беа споделувани 70 милиони фотографии.
