13 коментари 2 мин. читање

Инспирирано од Стив Џобс, 16 год. дете го направи својот прв милион

Кристијан, кој живее во Корби во Британија, својот прв компјутери го добил на 7 години, а по неколку години добил и Мac по што научил веб дизајн. Својата прва компанија Mac Bundle Box ја стартува на 14 години. Преку овој сајт тој продавал пакети со Mac Os X апликации по евтини цени. Тој за цените се договарал со програмерите на апликациите, барајќи попуст и пакетот кој би чинел пример 400 долари тој го продавал за неколку пати поевтино, понекогаш и десет пати поевтино од реалната цена.

Корисниците добивале евтини апликации, а програмерите добивал е публика која барала уште апликации. Дополнително да го мотивира купувањето на пакетите, Кристијан ветил дека дел од продажбата ќе оди за добротворни цели.

По две години, тој успеа да направи 1 милион долари.

„Mac Box Bundle стана успех и јас сакав да се предизвикам себе си и да направам нешто поразлично, така дојдов до идеја за Branchr.“ вели Кристијан.

Branchr е компанија за плати по клик реклами кои се „контекстуални, дефинирани според објавувачот и географски“. Branchr дистрибуира по 300 милиони реклами месечно на преку 17.500 сајтови, iPhone и Android апликации и по една година има заработено 800.000 долари и има вработено 6 возрасни соработници, меѓу кои и мајка му Алисон.

Што е тајната на успехот за малиот генијален бизнисмен?

„Нема магична формула во бизнисот, треба тешка работа, посветување и мотивација да се направи нешто добро.“

(via SWNS)

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

13 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top