Спонзорирано

InPlayer и Massive Interactive склучуваат ексклузивно партнерство

Спонзорирано од InPlayer

во Спонзорирани

InPlayer, британска компанија која работи на следната генерација од својата платформа за монетизација на видео и дигитални содржини, и Massive Interactive, коja е светски позната по изработка на најдобрите multiscreen видео сервиси, ја најавуваат својата заедничка соработка.

Препознавајќи го потенцијалот и квалитетот на македонскиот ИТ талент, се роди и идејата за ваквиот тип на соработка помеѓу InPlayer, која за потребите на Мassive, ќе биде задолжена за регрутација на нови кадри кои ќе се посветат на креирање креативни софтверски решенија.

Во тековната година, се планира да се вработат повеќе од 20-тина професионалци, кои се подготвени за создавање на успешни приказни во Massive. На линковите подолу, може да ги погледнете позициите кои се веќе отворени за првиот тим на Massive во Скопје:

Секој тим ќе работи во пријатна и динамична атмосфера исполената со нови предизвици и големи проекти, а исто така ќе имаат и атмосфера и можност за професионална надоградба во кариерата која ќе им помогне да станат подобри и да се движат кон патот на успехот.

За Massive Interactive

Massive Interactive e компанија за софтверско инженерство, која е фокусирана на градење на интуитивно корисничко искуство и креирање на апликации за звучни клиенти кои имаат огромен број на корисници. BBC, Deutsche Telekom, Channel 5 UK, Lionsgate USA, Discover GO Canada, се само дел од нивнато богато портфолио на клиенти. Со седиште во Лондон, и канцеларии во Њујорк, Сиднеј и Прага, Massive има над 20 години работно искуство низ повеќе глобални пазари и култури. Massive има добиено над 100 награди и номинации од добро познати институции како: Cannes Lions, The International Academy of Television Arts & Sciences, BAFTA, и LIA. Од неодамна го лансираа новиот продукт Massive Axis, за кој добија награда на Videonet Connected TV Awards.

За InPlayer

InPlayer е компанија, основана во 2010 година, со топ-менаџмент тим сместен во Лондон и со канцеларии во Скопје кои се „моторот на компанијата“.  Тимот на InPlayer се состои од професионалци кои секојдневно помагаат во дистрибуција и монетизација на содржините на најголемите медиуми и софтверски компании во светот. FilmBox, Eversport, Peagent Media се само дел од нивното богато портфолио на клиенти.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на InPlayer . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]