0 коментари 2 мин. читање 5 мај, 2018

Индијана Џонс конечно во The Cube

Премиера на Индија Џонс, но овој пат не на филмското платно!

15.05.2018 е датум резервиран за отворањето на новата соба во The Cube – Escape room, The temple of doom.

Влезете во улога на Др. Хенри Џонс (Индијана Џонс) и почувствувајте го адреналинот додека во живо поминувате низ истиот авантуристички заплет како карактерот во филмот. Автентичноста на собата ќе направи да заборавите кои сте и 60 минути да се чувствувате како најдобриот професор по археологија и воедно акционен херој. Вашата задача е да ги пронајдете сите камења и да се ослободите од светата клетва на Шива пред да ве стигне судбината на претходните истражувачи.

The Cube – Escape room се отвори минатата година и доживеа вистински бум со првата соба инспирирана од хорор филмот „Пила“. Повеќе од 300 групи составени од адреналинџии, гејмери, логичари, ја имаат посетено оваа соба. Доколку и вие сте љубители на хорор жанрот, собата Saw е вистинското место за забава.

Единствен услов за да играте во собите на The Cube е да соберете тим од максимум 6 играчи и да сакате предизвици. Очекувајте многу загатки насекаде низ собите кои со текот на играта ќе ве одведат до крајниот излез. Тимската работа е неопходна, но и индивидуалната логика. Оваа интересна активност е примамлива за секое друштво како и одлична, уникатна идеја за тим билдинг.

Резервирајте термин на www.thecube.mk
Следете ги сите случувања и новости на Facebook и Instagram.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top