Инди режисер ја слави пиратеријата

во Веб

{mosimage} За само 24 часа откако се појави пиратска копија на филмот „Ink“, филмот се симна над 400.000 пати и се се искачи на 6-то место на популарниата IMDB онлајн филмска датабаза. Филмот стана и најсимнуваниот филм на Pirate Bay.

Наместо да се противи на пиратеријата, независниот режисер Џамин Винанс им испрати писмо на пиратите заблагодарувајќи им се за промоцијата на филмот.

„Знам дека не можам апсолутно ништо да направам да ја спречам пиратеријата, па затоа ја прифативме и сме среќни што „Ink“ добива огромно изложување.“ пишува режисерот Винанс во писмо објавено на TorrentFreak.

Режисерот го опишува пиратирањето на филмот како „нешто извонредно“ за промоција на филмот бидејќи немале реклами, немале дистрибутори, туку филмот се пренесува од човек на човек. Сега благорадејќи на пиратите филмот стана поголем хит на торент сајтовите и од холивудските хитови.

„Толку многу од вас го видоа филмот неколку пати, заедно со пријателите и семејствата и многумина од вас купијa DVD и Blu-ray дискови. Сето ова се градеше, градеше и одеднаш експлодира.“

Режисерот сега заработува од разната стока поврзана со филмот кој деновиве треба да се појави за продажба и во видеотеките.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk