Имејл по работното време? Не и во Франција!

Компаниите во Франција кои имаат над 50 вработени повеќе не смеат да им испраќаат електронска пошта на своите вработени откако ќе заврши работното време. Новиот амандман е поддршка на правото да се биде офлајн, кое сепак нема да мораат да го практикуваат компаниите со помалку вработени. „Вработените физички ги напуштаат канцелариите, но остануваат врзани на електронски поводник, како кучиња“, вели Беноа Хамонд, претставник во Франсускиот парламент.

Новиот закон вели дека работодавачот нема да смее да му прати пошта на работникот по работното време, иако не се превидени казни доколку го направи ова. Сепак компаниите ќе мора да воспостават правила на работа кои ќе утврдат во кое време не е прифатливо испраќање на пошта на вработените. Законот е одлично прифатен од француската јавност, јави Good. Сепак, најголем дел од експертите се сомневаат во можностите за имплементација на овој закон, а законот би можел да претставува пречка и за мултинационалните компании кои се распространети низ повеќе временски зони.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments