0 коментари 2 мин. читање 12 ноември, 2014

Imagination престави моќни GPU за телефони и преносни компјутери

Британскиот производител Imagination ја претстави следната генерација на графички јадра за преносни уреди, со кои лиценцираните партнери на компанијата ќе можат да ги креираат своите графички порцесори. Новите јадра ќе понудат 60 отсто подобри перформанси, односно од 20 гигафлопи до 1 терафлопи. Станува збор за скалабилни процесори кои можат да понудат помеѓу 16 и 512 јадра.

Со PowerVR Series 7, Imagination нуди нови напредни функции како „харверска теселација“ која ќе и овозможи на компанијата да напредува на поширок пазар и максимални перформанси под Android 5.0, но и поддршка за DirectX 11 и OpenCL FP 64. PowerVR Series 7 процесорите се наменети пред се за таблет компјутери и памнетни телефони со Android 5.0 Lollypop, но и за уреди кои потпаѓаат под „интернет на нештата“, автомобили, паметни телeвизори, set-top box или преносни компјутери.

Високота класа Series 7XT нудат 512 јадра за аритметичко процесирање на еден чип. Овој процесор е наменет пред се за следната генерација на сервери и 3Д-гејминг конзоли. Основната верзија 7ХЕ ќе доаѓа со 16 или 32 јадра.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top