0 коментари 1 мин. читање

Има 67 нови предлози за емотикони во Unicode

Нови емотикони доаѓаат во 2016 година. Предлозите од 67 во најголем дел се ужасно лоши, куп зеленчуци, овошја, животни, спорт и слично, но некои без сомневање уште сега знаете дека ќе бидат дел од Unicode 9, организација составена од ИТ компании која е одговорна за Unicode стандардот што им дава човечко значење на бројките со кои комуницираат компјутерите.

„Facepalm“ и „Selfie“ најверојатно се првите кандидати да бидат додадени, иако и лев и десен „fist“ се чинат на совршена комбинација за емотикон „fist-bump“. Со оглед на тоа дека минататз надградба овозможи емотикони за различна боја на кожата, Uncode 9.0 не е подеднакво голема како претходникот, иако има некои интересни емотикони. Освен ова се чини дека на листата има неколку емотикони кои би можеле да се користат во комбинација , покрај споменатите „fist“, тука се и играњето и уште некои.

Листата на предложени емотикони можете да ја разгледате на Unicode.org, кочениот избор на нови емотикони ќе биде направен во мај следната година, а во јуни ќе биде донесена конечната листа на eмотиконите кои се додаваат.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top