Има 500.000 iOS апликации кои се симнуваат една милијарда пати месечно

во Мобилни, Софтвер

На „Lets Talk Phone” настанот, пред да биде претставен новиот iPhone 4S, Скот Форсал потпретседател за iOS Software, изјави дека има над пола милион апликации во Apple App Store, од кои 140.000 апликации за iPad.

Од стартувањето на продавницата пред три години се симнати 18 милијарда апликаци, вели Apple, додавајќи дека има исплатено неверојатно 3 милијарда долари на програмерите на апликации!

Најблискиот конкурент на Apple App Store е Android Market на Google кој има над 250.000 апликации, но иако и тоа е импресивна бројка сепак Android Market е отворен, односно апликациите не се прегледуваат и одобруваат пред да се објават како што тоа го прави Apple со својата строга полиса, туку секој може да закачи апликација на Android Market. Целта на Google е секако и тој да добие на квантитет со Android Market, па и можеби по цена на квалитетни апликации со што заостанува зад Apple App Store.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk