0 коментари 2 мин. читање 1 јуни, 2017

Илон Маск ќе се повлече од советничкото место ако САД го напуштат Парискиот договор за климатски промени

Илон Маск е еден од ретките технолошки лидери кои се дел од советничкиот кабинет на претседателот Доналд Трамп. Поради оваа одлука често е цел на критики, но тој неколку пати објасни дека одвнатре има поголемо влијание на одлуките.

Сепак сега изгледа дека и на Илон Маск трепението му е при крај и има граница која нема да ја помине. Доколку претседателот Трамп се повлече од Парискиот договор за климатски промени, Маск ќе ја напушти функцијата на советник. Ова не е никакво изненадување, а токму можноста да влијае одвнатре на климатските промени е една од причините поради која остана како советник.

„Не знам во која насока ќе оди Париз, но направив се што можам да го советувам директно претседателот, преку други во Белата куќа и различни совети дека остануваме… На прашањето ‘Што ќе направи ако САД го напушти договорот?’, г. Маск вели: ‘Нема да имам никаков избор освен да ја напуштам функцијата’“.

Намалувањето на понатамошото влијание на луѓето врз климатските промени е главна мотивација на г. Маск. Електричните возила, батериите за домот и соларните панели, треба значително да ја намалат емисијата на штетни гасови и да ги намалат климатските промени.

Поддршка за останување во Парискиот договор изразија и Apple, Microsoft и Intel. Компаниите објавија огласи во весниците во Вашингтон, а Тим Кук и лично зборувал со претседателот за да ја изрази својата поддршка.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top