0 коментари 1 мин. читање

Илон Маск го напушти бордот на OpenAI

Илон Маск го напушта бордот на организацијата која се залага за AI безбедност и етика, OpenAI. Причината за ова не е бидејќи престанал да верува во потребата, туку за да не дојде до конфликт на интереси.

Причината за можен конфликт, секако е вештачката интелигенција на автономните возила од Tesla.  Г. Маск останува финансиски да ја поддржува организацијата, но нема да има директна улога во одлучувањето, објаснија од Open AI.

Но, не очајувајте, нов кул лик и се приклучи на оранизацијата. Гејб Њувел од од Valve е нов донатор и дел од тимот. Заедно со г. Њувел влегуваат и Џед Мекелеб од Stelar, eDonkey, Mt. Gox; Мајкл Саибел од Y Combinator, Socialcam и Justin.tv; Јаан Талин од Skype и Kazaa; Ештон Итон, освојувач на 2 златни олимписки медали и 2 светски шампионати во десетобој; Бриен Тисен-Итон, освојувач на бронза во седмобој.

Со оглед на тоа дека еден од првите јавни тестови на OpenAI е победата во Dota 2, се чини и повеќе од соодвето присуството на Гејб Њувел како нов поддржувач

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top