Илјадници полски интернет корисници излегоа на улиците да протестираат бидејќи Полска заедно со Eвропската Унија и уште 21 земја-членки во четвртокoт го попиша трговскиот договор ACTA со кој се воведуваат индустриски стандарди ширум Европа, САД, Канада и Јужна Кореа во борба против пиратеријата и фалсификуваните производи. Но, со ACTA исто така се воведуваат и мерки со кои е можно да се цензурира онлајн комуникацијата.
Контроверзниот договор ACTA, која се поистоветува со американската SOPA, сè уште треба да биде претставен и изгласана од Европскиот Парламент за да стапи во сила. Договорот ќе биде разгледан во јуни, но, тоа не ги спречи полските интернет корисници да излезат на улица да протестираат со банери за „Слободен интернет“ и „Не сакаме цензура“.
Покрај протестите на улица, локалните ограноци на хакерите-активисти Anonymous започнаа да напаѓаат владини сајтови во Полска и Чешка.
Што се однесува до Европската Унија, главниот човек задолжен за АCTA на Европскиот Парламент, Kадер Ариф, си поднесе оставка поради „невидените маневри“ на властите кои го подготвуваат договорот. Тој го критикува договорот бидејќи е подготвуван нетранспарентно, без консултации со јавноста и без прифаќање на препораките од Парламентот.
[youtube]aQdMtSmkVBs[/youtube]