Осван изгасен сајт и опасност од долго-годишна затворска казна, основачот на Megaupload, Ким Дотком го изгуби и првото место во онлајн табелата на Call of Duty.
Имено Ким Дотком е страствен мултиплеер играч на Call of Duty: Modern Warfare 3 каде е познат како „MEGARACER“. Тој пред еден месец беше прво-рангиран на free for all табелата. Поради апсењето, оваа недела на листата е прв Arazos, а Ким е втор. Основачот на Megaupload има скор од 180,980 убиства, а бил убиен 86,241 пати и поминал 707 часови играјќи .
Првото место на Дотком не помина без оспорувања кои главно дојдоа од играчи кои го познават од порано во време кога раководел со Quake лига. Играчите кои го познаваат го опишуваат како играч кој не знае да поднесе пораз и измамник, а не би биле воопшто изненадени кога тоа би се повторило и на Call of Duty.
Kим Дотком ќе остане во притвор најмалку уште 4 недели откако судијата не дозволи да излезе со кауција. Тој ќе остане во притвор до 22 февруари кога започнува сослушувањето за негова екстрадикција во САД.
[youtube]l-ltcCF_cAQ[/youtube]