Илјадници книги за технологија, наука и медицина сега се бесплатни за симнување

0 коментари 1 мин. читање

Илјадници книги за технологија, наука и медицина од издавачот Springer издадени пред 2005 година сега се бесплатно достапни за преземање во .pdf формат, јави LifeHacker. Станува збор за техничка литература која вообичаено е потешко достапна, и често поскапа. Над 50.000 книги се од областите наука, технологија, инженерство и математика, а без сомневање се корисни за студентите, но и по завршување на образовниот процес. Книгите може да ги пребарате по јазик и области, а со оглед на тоа дека од Springer во било кое време можат да ја повлечат оваа супер понуда преземете ги книгите кои ви се потребни веднаш.

freebooks

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top