Игри кои ќе излезат во ноември

Месецот ноември би можеле да го запомните по бројни исклучително интересни и долго очекувани игри.

Како прва игра која особено се истакнува од листата е Call of Duty: Vanguard. Фановите на овој FPS серијал можат да се радуваат на детална кампања сместена за време на Втората Светска Војна, 20 мапи за експлозивно мрежно препукување, комплексен режим со ставање крај на сите зомби чудовишта и многу повеќе. Искрено, не сме преголеми фанови на серијалот, но она што го видовме во играта до сега, никако не нè остава рамнодушни.

Втората недела е специјално резервирана и за љубителите на фудбалот и за сите тркачки ентузијасти. За вашето неподелено внимание ќе се борат Football Manager и Forza Horizon 5! Football Manager 2022 ви дозволува да го извлечете вашиот идеален клуб од датабаза со над 500 000 вистински играчи и да се издигнете на врвот од овој спорт. Forza Horizon 5, пак, се заканува со апсолутно графичко совршенство и до сега невидени технички достигнувања низ сите годишни сезони. Во случај да сте фанови на тркачки игри, FZ е една игра која не смеете да ја пропуштите.

Средината на ноември резервирајте за Grand Theft Auto: The Trilogy – The Definitive Edition. Верувајте кога велиме дека игрите изгледаат апсолутно неверојатно и не можеме да дочекаме одново да им се навратиме. Цената е исклучително скапа, но добро е тоа што GTA III ќе биде бесплатна преку PS Now во декември, а уште на самиот почеток, San Andreas ќе може да се игра од сите Xbox Game Pass претплатници.

Истиот ден како и GTA: The Trilogy, ќе излезе и Skyrim Special Edition. Во оваа верзија ќе бидат спакувани сите додатоци, заедно со над 500 мали додатоци од озлогласениот Creation Club. Во втората половина на ноември, би можеле да ја проверите авантурата Sherlock Holmes Chapter One, каде добро познатиот детектив е исклучително млад и му „лета“ паметот. Студиото зад играта со години прави игри со Шерлок Холмс и ако некој може да го изведе новиот урнек до целост, тоа се тие.

Што ќе играме? Кажете нѝ во коментарите или на социјалните мрежи!

  • Giants Uprising [PC] – 2 ноември
  • World War Z [Switch] – 2 ноември
  • Bloodshore [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 3 ноември
  • Time Loader [PC] – 3 ноември
  • Demon Turf [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 4 ноември
  • Just Dance 2022 [PS5, XSX, PS4, XBO, Switch, Stadia] – 4 ноември
  • Pinchcliffe Grand Prix [PC, Switch] – 4 ноември
  • Spacelines From The Far Out [PC, XBO] – 4 ноември
  • Starsand [PC] – 4 ноември
  • To The Rescue! [PC] – 4 ноември
  • Call of Duty: Vanguard [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 5 ноември
  • Mobile Suit Gundam Battle Operation Code Fairy Volume 1 [PS5, PS4] – 5 ноември
  • Airborne Kingdom [PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 9 ноември
  • Disney Classic Games Collection [PC, PS4, XBO, Switch] – 9 ноември
  • Football Manager 2022 [PC] – 9 ноември
  • Football Manager 2022 Xbox Edition [XBO] – 9 ноември
  • Forza Horizon 5 [PC, XSX, XBO] – 9 ноември
  • Jurassic World Evolution 2 [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 9 ноември
  • My Singing Monsters Playground [PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 9 ноември
  • Breakwaters [PC] – 11 ноември
  • Epic Chef [PC, PS4, XBO, Switch] – 11 ноември
  • Grand Theft Auto: The Trilogy – The Definitive Edition [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 11 ноември
  • Kainga: Seeds of Civilization [PC] – 11 ноември
  • Megaquarium: Architect’s Collection DLC [PC] – 11 ноември
  • Skyrim Special Edition [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 11 ноември
  • Star Wars: Knights of the Old Republic [Switch] – 11 ноември
  • Punk Wars [PC] – 12 ноември
  • Shin Megami Tensei 5 [Switch] – 12 ноември
  • Sherlock Holmes Chapter One [PC, PS5, XSX] – 16 ноември
  • Microsoft Flight Simulator Game of the Year edition [PC, XSX] – 18 ноември
  • Microsoft Flight Simulator: Reno Air Races Expansion Pack [PC, XSX] – 18 ноември
  • Microsoft Flight Simulator: Reno Air Races Full Collection [PC, XSX] – 18 ноември
  • Undungeon [PC, XBO] – 18 ноември
  • Battlefield 2042 [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 19 ноември
  • Mobile Suit Gundam Battle Operation Code Fairy Volume 2 [PS5, PS4] – 19 ноември
  • NERF: Legends [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 19 ноември
  • Pokemon Brilliant Diamond / Shining Pearl [Switch] – 19 ноември
  • Final Fantasy 14 Endwalker expansion [PC, PS5, PS4] – 23 ноември
  • Cricket 22: The Official Game of The Ashes [PC, PS5, XSX, PS4, XBO] – 25 ноември
  • Len’s Island [PC] – 26 ноември
  • Beyond a Steel Sky [PS5, XSX, PS4, XBO, Switch] – 30 ноември

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] post Игри кои ќе изле&#1079… appeared first on […]