Игри кои ќе излезат во месец септември

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Веб, гејминг

За одредена група гејмери, месецот септември можеби го означува почетокот на новата училишна година, но за сите останати гејмери ова е и почетокот кога најдинамичните наслови почнуваат да излегуваат и да се борат за својата сенка под сонцето.  Па така, започнете свеж старт со една од најочекуваните игри на годинава или пак нурнете се во дигитално негување на вашата љубов кон спортовите. Независно од вашите лични интереси, септември има за секого по нешто, со сериозна тенденција да ве исполни со еуфорија која ќе ги задоволи вашите гејмерски апетити низ целата година.

Knack 2 (PS4) – 5.септември

Од заедничката соработка на SIE Japan Studio и Sony Interactive Entertainment произлегува акционо-платформска игра каде по втор пат ги следите авантурите на Knack и неговите пријатели. Со оглед на тоа дека еден од главните писатели за God of War (Marianne Krawczyk) работи на овој проект, се очекува Knack 2 да ја подобри репутацијата која ја заслужи со првата игра и да испорача значително подобар продукт. Knack може да ја менува големината, да одбива проектили со штит, како и да отклучува, односно надградува способности преку собирање енергија. Таквото нешто, меѓутоа, не мора да го правите сами, затоа што играта ќе се испорача со ко-оп можности.

Destiny 2 (PS4, Xbox One, PC) – 6.септември

Серијалот Destiny се сели и на PC платформата и ветува вртоглава кампања и незаборавни мрежни режими. Bungie и Activision уште еднаш успеаја да изградат неверојатен хајп за играта, а за тоа дали навистина ќе испорачаат комплексно искуство нема многу да чекаме. Конзолските играчи први ќе можат да проверат на кој начин е имплементирано напредување низ трите класи, Hunters, Warlocks и Titans, каков впечаток остава новиот систем за оружја и оклопи и како сево ова се вклопува во двата клучни модови PvE и PvP. Многумина гејмери одговорија на повикот за отворениот бета настан и побрзаа да ја споредат D2 како интересен хибрид помеѓу Warframe и Borderlands. Играта за PC излегува на 24.октомври.

PES 2018 (PC, PS3, PS4, Xbox 360, Xbox One) – 12.септември

Студиото уште еднаш вети дека приоритетите им се да понудат одлично искуство со бројни нови елементи и начини на играње, со нов кориснички интерфејс, надграден систем за движењето на топката, подобро осветлување и многу повеќе. Со Pro Evolution Soccer 2018, Capcom се потруди да ги официјално лиценцира Barcelona, Atletico Madrid, Borussia Dortmund и Liverpool, а уште мноштво други тимови ќе се потрудат да ви испорачаат солидно фудбалско искуство. Бесплатното демо не е достапно за македонските гејмери, а во случај да се разочарате од целокупниот продукт, не заборавајте дека уште една одлична алтернатива ќе се бори за вашето внимание веќе од крајот на месецов.

Divinity – Original Sin 2 (PC) – 14.септември

Првата Original Sin беше огромен хит и успеа да понуди на гејмерите неверојатна RPG игра која не се лесно заборава, а често се користи како урнек според кој се споредуваат повеќето идни игри од овој жанр. Финалната верзија на Divinity – Original Sin 2 ќе понуди свет кој е поголем, по не линеарен и поубав од кога било! Larian Studios се има погрижено да добиете можности за соло играње, ко-оп за четири играчи, како и сосема нов мрежен мод од натпреварувачки карактер. Divinity: Original Sin 2 ќе има целосна гласовна поддршка и за илјадниците NPC ликови, студиото најми 80 актери и сними над еден милион зборови.

Dishonored – Death of Outsider (Xbox One, PC) – 15.септември

Dishonored 2 Death of the Outsider е самостојна експанзија која ќе се одликува со целосно нова приказна, брутални и натприродни борбени елементи, нова област и множество од предизвикувачки механички непријатели. Од она што го видовме, се чини дека Arkane ја продолжуваат воспоставената традиција за испорачување отворен свет каде можностите за прикрадување и ликвидација се ограничени само од вашата имагинација.

Marvel Vs Capcom – Infinite (PC, PS4, Xbox One) – 19.септември

Како боречка игра развивана од Capcom, Marvel Vs Capcom – Infinite спојува два универзума и ви дава на располагање изобилство од уникатни херои. Гејмплејот се очекува да биде доста сличен на претходните игри од серијалот, но и прошаран со нови механики, како Infinity Surge (моќна способност за време на мечот). Покрај дво-часовен филмски мод, ќе наидете и на модови за самостојно играње, тренинзи, мисии и аркадни пресметки. Collection модот е за отклучување екстра работи преку приказната и аркадниот режим, a online делот се посветува на рангирани или опуштени мечови, со листа од најдобрите и лоби за набљудување туѓи мечови.

NBA 2K18 (PC, PS3, PS4, Xbox 360, Xbox One, Nintendo Switch) – 19.септември

За да фудбалот не ја зграпчи целата слава овој месец, Visual Concepts и 2K Sports ќе пробаат да го насочат вниманието на гејмерите и кон NBA 2K18. Како и претходните игри, така и оваа ќе проба реалистично да ја прикаже националната кошаркарска асоцијација со бројни надградби и модови. Па така, MyCareer се враќа и ви дозволува да креирате играч и да го следите низ неговата кариера преку приказна која се одмотува како напредувате низ натпревари и надворешни активности. MyCareer се дружи и со режимите MyGM и MyLeague, со што ви се одврзуваат рацете за управување со сите кошаркарски операции за одреден тим. Во тој поглед, MyGM е фокусиран на пореалистичен приказ, додека MyLeague дава простор за малу олеснителни околности и пофлексибилни можности за прилагодување. MyTeam режимот на игра, пак, ќе ви дозволи да се играте околу идејата за градење на ултимативниот тим и да одржувате виртуелна колекција од карти за размена. Neighborhoods е целосно нов елемент за играта кој органски ги поврзува MyCareer, MyPark и ProAm модовите и дозволува играчите да се шетаат во околина од типот отворен свет и да стапуваат во интеракција едни со други.

Project Cars 2 – (PS4, Xbox One, PC) – 19.септември

Од Slightly Mad Studios и Bandai Namco доаѓа игра која заканува да го преземе тркачкиот трон со 182 автомобили од 38 произведувачи, 60 траки за тркање и 139 урнеци прилагодени за четирите сезони и динамичното време. Онлајн делот е целосно фокусиран на е-спортот и е пропратен со комплексен систем за рангирање, првенства и подобро спојување на играчи пред почнување на мечот. Девелоперите имаат тесно соработувано со производителите на автомобилите и соодветните индустрии за овозможат пореалистична симулација, која се одгледа и од интеграцијата на целосно нови системи за физика и движење. Како да ова не е доволно, Bandai Namco ќе испорача продукт кој ќе е оспособен за виртуелна реалност, со 12К резолуции и поддршка за до три монитори. За тоа дека играта е крајно популарна уште и пред да излезе зборува и фактот дека на Gamescom 2017 ја доби наградата како најдобра симулација.

Dragon Ball Xenoverse 2 (PS4, Xbox One, Nintendo Switch, PC) – 22.септември

Bandai Namco Entertainment планира уште едно пријатно изненадување, овој пат од развојните таленти на студиото Dimps. Како втор продолжеток во сагата, Dragon Ball Xenoverse 2 ќе понуди исполнителни битки во борбени арени кои ги прикажуваат најпознатите локации од Dragon Ball универзумот. Средиштето ќе биде всушност седум пати поголема и проширена верзија на Toki-Toki, но ќе се вика Contor. Тука, играчите ќе можат слободно да се движат, па дури и да летаат. На располагање ќе имате уште неколку други средишта, но летањето, како и одредени вештини ќе треба првин да се отклучат со некоја од петте раси. Исто така, покрај мини игри и трансформации би можеле да добивате квестови кои се специфични само за одредена раса. Што се однесува до мултиплеерски дружења, серверите ќе дозволат до 300 играчи од еднаш. Во случај да сте ја играле Dragon Ball Xenoverse, во двојката ќе можете да ја пренесете датата за да можете да си ги видите вашите претходно-креирани ликови како херои во Contor.

Guild Wars 2: Path of Fire (PC) – 22.септември

Guild Wars 2: Path of Fire ќе ја продолжи приказната од третата сезона и ќе не пресели на најголемите пет мапи од целата игра. Со оглед на нивната големина, играчите по првпат ќе можат да јаваат четири животни за побрзо, но и поефикасно преминување далечина. Секое од животните ќе се одликува со специјални способности кои ќе се клучни за преминување физички пречки и решавање загатки. Дополнително, секоја од класите ќе добие по една целосно нова елитна специјализација, со што значително се зголемуваат можностите за преигрување во сосема нови борбени стилови. Низ мапите ќе можете да отклучувате ниви, вредни награди, а и да уредувате сосема нов дом за вашиот гилд.

Total War – Warhammer 2 (PC) – 29.септември

Колосалните способности на Creative Assembly се повеќе од очигледни. Sega овој пат дава благослов за уште покомплексен продолжеток кој ќе ја задоволи вашата потреба за епски пресметки во еден од најпопуларните фантазиски универзуми. Слично на претходните игри, Total War – Warhammer 2 комбинира turn-based стратегија и тактики во реално време за монументални судири помеѓу расите Lizardmen, High Elves, Dark Elves и неодамна откриената Skaven. Кампањата ќе се одвива низ четири континенти и ќе биде наративно поткована со неочекувани пресврти, а сите оние што ја имаат првата игра ќе можат делумно да ги отклучат расите од таа игра во двојката.

FIFA 18 (PS4, Xbox One, PC) – 29.септември

Со 52 целосно лиценцирани стадиуми од 12 земји и дополнителни 30 генерични полиња, девелоперите EA Canada и ЕA Bucharest навистина сакаат да ја искусите убавата страна на фудбалот. Играчите имаат на располагање FIFA 18 Ultimate Team Icons, поновата верзија на нешто што порано беше познато како Legends, како и Journey mode – кампања со приказна која по прв пат беше воведена во серијалот со FIFA 17. Journey ја продолжува приказната низ која поминавте претходно, а присутни се и Premier League и FA Cup. За подобро вклопување, свежата крв ќе може да одгледа клучни точки од FIFA 17 и потоа да се втурне во целосно прилагодување на Хантер, како и истражување на целосно нови локации како Бразил или Соединетите Држави.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Dig 2 ќе биде уште една од многуте игри кои ќе излезат во септември. Продолжетокот првин ќе излезе за Switch (21.септември), а […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk