0 коментари 1 мин. читање 13 февруари, 2012

Играјте Angry Birds на Facebook

Како и што беше најавено, гневните птици пристигнаа на Facebook. Покрај забававата што ја нуди играта, тоа што е интересно околу Angry Birds верзијата за Facebook e да видиме дали ќе може да го повтори и на друштвената мрежа успехот кој го имаше на мобилните уреди. Angry Birds е најпопуларната мобилна игра со над 800 симнување на разните мобилни платоформи.

Flash верзијата за Fаcebook ќе ги наградува играчите дневно со power ups, oдносно дополнителни опции за уништување на гладните свињи. Дневните награди сигурно ќе ги мотивираат корисниците да ја посетуваат играта почесто.

Дополнително играта има опција да ги повикате своите пријатели да се приклучат и да се обидат да го срушат вашиот најдобар резултат. Ова е уште една опција која ќе привлече бројни корисници.

[youtube]pJB4l00v8y8[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top