0 коментари 1 мин. читање

Иднината на транспортот е во автономните беспилотни летала

Honeywell International Inc е еден од најголемите производители во аеронаутиката, а компанијата оваа недела лансира нова линија летала. Дронови, аеро-такси, беспилотен транспорт се дел од секторите во кои инвестира Honeywell.

Компанијата предвидува дека овој сектор во иднина ќе биде поделен во два сегменти, хардвер и софтвер. Honeywell се пронаоѓа во делот со производство на софтвер, ова секако и не е изненадување со оглед на тоа дека компанијата не произведува дронови.

Компанијата предвидува дека летечкиот такси превоз ќе „пристигне“ побрзо отколку што било кој од нас претпоставува. Експерти на Honeywell предвидуваат дека првиот аеро-превоз доаѓа помеѓу 2023 и 2025 година, а до 2040 ова би можело да биде вообичаено.

Пазарот е проценет на 120 милијарди долари, а компанијата се се надева дека ќе освои 20 отсто од пазарот. Еден од најголемите двигатели на овој пазар е пандемијата која го зголемува интересот за достава со дронови.

Дел од клиентите им се Volocopter на Intel, словенскиот производител на мали летала Pipistel и британската компанија Vertical Aerospace.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top