IBM изработи чип со транзистори 10.000 пати помали од влакно на коса

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

IBM има прототип на нов чип кој ќе овозможи четири пати поголема густина од чиповите кои се достапни во моментов, пренесува New York Times, повикувајќи се на меѓународен конзорциум предводен од IBM чија работа е да го направат најмалиот чип во светот. Конзорциумот има инвестирано 3 милијарди долари за истражување на технологијата.

Стравовите дека Муровиот закон успорува, а кој вели дека моќта на процесорот се дуплира на две години, беа смирени од IBM кој изработи чип со 7nm транзистори, кои се 10.000 пати помали од влакното на коса, а се изработени од силициум-германиум. За споредба црвено крвно зрнце е илјада пати пошироко од транзисторите, со ширина од 7.500 нанометри, а влакно од коса е 100.000 nm широко. Претходно најмалите транзистори беа од 14nm и се претпоставуваше дека ова ќе биде конечното достигнување со процесори изработени од силикон.

Според IBM, ова технолошко достигнување ќе овозможи креирање на процесор со 20 милијарди транзистори. Технологијата преку лиценцирање ќе биде достапна до повеќе производители како GlobalFoundries, Broadcom, Qualcomm и AMD. За сега IBM не шпекулира со достапноста на технологија, но се чини дека за масовно производство ќе бидат потребни неколку години. Intel исто така се заложи за 7nm технологија, иако без најава за периодот кога овие чипови ќе бидат достапни. Taiwan Semiconductor Manufacturing Company е последниот производител кој најавува 7nm чип во 2017. Со оглед на тоа дека индустријата во моментов прилично бавно транзитира од 14 на 10 нанометарски чипови се чини дека нема причина за брзање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments